Среда, 03.09.2008
На Мадона и се пружи шанса не само да одржи концерт во Будва, туку и да летува и живее во неа, и тоа во сопствена куќа, која сака да и ја подари рускиот милијардер Сергеј Полонски.
Компанијата на Полонски, која во Будва гради екстралуксузни апартмани, смислила начин за промоција на ексклузивниот туризам во Црна Гора, така што на кралицата на поп музиката ќе и понуди клучеви од вила од 326 метри квадратни на морскиот брег, со базен на кровот и сите салтанати.
Мадона има време да одговори на оваа понуда до настапот во Будва. Полонски верува дека нема причина да го одбие подарокот, чија што вредност надминува над 2 милиони евра.