Среда, 03.09.2008
Најдобриот тенисер на светот рафаел Надал е добитник на престижната шпанска награда Принцот од Астурија, која минатата година му припадна на седмократниот првак во Формула 1 Михаел Шумахер.
Минатиот месец, Надал стигна на првото место на АТП листата и со тоа му стави крај на владеењето на Швајцарецот Роџер федерер.
Годинава, победи на осум турнири, вклучувајќи и грен слем на Ронал Гарос и Вимблдон, а освои и златен медал на Олимписките Игри во Пекинг.
Наградата Принц од Астурија се доделува секоја година во осум области, а лауреатите добиваат по 73.000 евра.