Никарагва соопшти дека ја признала независноста на грузиските сепаратистички региони Абхазија и Јужна Осетија, со што стана втора земја во светот по Русија, што го стори тоа.

Никарагванскиот претседател Даниел Ортега изјави дека властите на Никаргава го поддржуваат планот на рускиот премиер Владимир Путин за приближување на двата сепаратистички региони кон Русија.
Тој нагласи дека Владата на Никарагва ја признава независноста на републиките Јужна Осетија и Абхазија и целосно се согласува со ставот на руската Влада дека конфликтот може да се реши преку дијалог со европските држави.
- Светскиот мир е загрозен од хегемонистичката непромислена политика, бидејќи Советскиот Сојуз исчезна и тие тргнаа во промовирање на распадот на држави во кои посотеше големо единство, постигнато со голем напор, изјави Ортега.