Четврток, 04.09.2008
Лукас Подолски смета дека трансферот во Баерн му е еден од најлошите потези во кариерата и размислува за заминување од клубот.
Иако Подолски многумина сеуште го сметаат за голем талент и надеж на германскиот фудбал, играчот е незадоволен од својот статус во првакот на Бундеслигата. Подолски се надеваше дека оваа сезона ќе му биде поинаква од претходната и дека ќе добие шанса, но се остана по старо.
"Не знаев дека работите ќе се развијат вака. Не сум среќен со ситуацијата", изјави Подолски.
Директорот на Баерн Ули Хенес неодамна изјави дека Подолски треба да се удри по задникот за да заигра како што треба.
Подолски изјави дека размислува за заминување од Баерн и дека не може да прифати да седи на клупата на клубот од Минхен.
"Се е можно. Би бил лош фудбалер доколку би бил задоволен да седам на клупата. Би можел да го толерирам ова две - три недели, но некогаш треба да се каже дека е доста".
Подолски дојде во Баерн од келн за 10 милиони евра.