Шоубизнис

» поопширно



Погрешни причини за секс

Четврток, 04.09.2008

За сексот постојат многу добри причини, а понекогаш не е ни потребна причина, освен да го сакате партнерот. Меѓутоа, понекогаш луѓето може да се најдат во ситуација кога прават работи од погрешни причини.

Доколку се затекнете во некоја од овие ситуации, размислете пред да биде доцна.

Одмазда
Најпопуларната погрешна причина за секс е одмаздата, а таквиот секс никогаш не завршува добро. Сексот со најдобриот пријател на вашиот дечко, или со најдобрата пријателка на вашата девојка, затоа што сте им лути, нема да ве однесе никаде.

Задоволување на егото
Можеби сексот со згодната келнерка/келнер кои ви се доворувале за време на вечерното излегување ќе ве импонира и ќе ви го нахрани егото, но имајте во предвид дека потоа може да се чувствувате искористено и празно. Фактот дека некој сакал да спие со вас, воопшто не е мерило за вашата привлечност.

Бегство од вистината
Доколку уште од вашите девет години ви е јасно дека ве интересира истиот пол, но се срамите да си признаете, па наоѓате дечко или девојка за да имате барем некакво сексуално задоволство.

Губење на килограми
Можеби некаде сте прочитале дека за време на секс од околу 30 минути се губат околу 200 калории, па ова ви се чини како згоден начин за слабеење. Сепак, подобро да се занимавате со некој спорт или да ја прескокнете вечерата, отколку да вечерате секс со некого само затоа што така се трошат калории.

Сожалување
Емпатијата кон жалосната душа е едно, но да имате интимен однос со некој кон кого чувствувате сожалување е нешто сосема друго. Да го додадеме фактот дека ќе ви е потребно навистина многу среќа за на крајот да се откачите од таа личност.

За возврат
Ова не е наменето за секс професионалците, туку за почетниците. Тоа што некој ве однел на вечера и ве почастил порција, не мора да значи дека вие треба да му возвратите со десерт.

Слава
Тој или таа се познати, а и вие сакате да станете познати. Славата не се пренесува така, но некои други работи се пренесуваат. Затоа, внимавајте со кој и што правите.

http://www.kajgana.com/statija_2660.html

Дополнителни субвенции за земјоделците и сточарите
04.12.2008 | 16:15
Македонец избран за градоначалник на Бринбанк во Австралија
04.12.2008 | 16:11
Лов на Ратко Младиќ во Белград
04.12.2008 | 14:53

Врзете ги појасите, слетуваме Џесика Алба во календарот на Campari за 2009

Gravity Master Red Code Ownage Burst
Day Drive Untangle Color Infection

Прирачник за дебатирање Последна станица - нокаут Треба помош?
FIFA 09 vs PES 2009 Карате кид Ајде да летаме...

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2008 Kajgana.com