Четврток, 04.09.2008
Филмот за патот до славата е новиот проект на популарниот американски бен. Никол, Џесика, Мелоди, Ешли и Кимберли ќе се глумат самите себе во мјузиклот.
Членките на бендот се во преговори околу мјузиклот кој би требало да го обработи нивното пробивање во музичкиот свет, во вид на автобиографска приказна. Девојките се моментално зафатени со читање на сценариото за филмот во кој би требало да се глумат самите себе.
Никол, која моментално е повеќе позната по љубовната врска со британскиот возач на Формула 1 Луис Хамилтон, уште претходно откри дека желба и е да ја зацврсти позицијата на бендот на музичката сцена преку учествување во различни проекти, а филмот е само еден од нив.
"Навистина сакаме да го издигнеме бендот на едно повисоко ниво", додаде атрактивната Никол. Инаку, Пусикет Долс треба да го издадат вториот студиски албум кој е насловен како Doll Domination кон крајот на септември.