Четврток, 04.09.2008
Мажите кои пушат во просек добиваат срцев удар шест години пред непушачите. Жените кои пушат добиваат срцев удар 14 години порано од жените кои не пушат. Дискриминација.
Жените обично добиваат срцеви заболувања подоцна од мажите, но доколку станува збор за пушачи, ситуацијата е малку поинаква, предупредуваат норвешките доктори во студијата претставена на состанокот на европското друштво за кардиологија.
Кај мажите, оваа разлика не е толку драматична: мажите кои пушат добиваат срцев удар околу шест години порано од непушачите.
"Ова не е ситна разлика", вели Д-р Силвија Приори, кардиолог од Италија. "Жените мораат да сфатат дека со пушењето губат многу повеќе од мажите".
Претходните студии кои се занимаваа со можните разлики со обзир на полот немаа конечни резултати.