Четврток, 04.09.2008
Дваесет и три лица загинаа утрово во експлозија на гас во рудник за јаглен во северниот дел на Кина.
Експлозијата се случила во рудник во градот Фуџин во кинеската провинција Лиаонинг, една од најголемите производни области на јаглен, објавија кинеските медиуми, без да соопштат повеќе детали во врска со инцидентот.
Речиси 3.800 луѓе минатата година загинаа во кинеските рудници за јаглен.