Мештаните на малото село Бусара во Кенија, оддалечено 255 километри од главниот град Наироби, ги дочека изненадувачко "бело" утро.
Жителите прилично се изненадиле кога виделе дека селото им е прекриено со снег, веднаш излегле од домовите, училиштата биле затворени, никој не работел, едноставно - се застанало, за да уживаат во снежните радости.
Жителите на Бусара и околните села уживале во своето прво мавање со снежни топки во животот, а многумина не веруваат дека повторно ќе дочекаат бело снежно утро.
Метеоролозите истакнуваат дека снегот во Кенија е последица на мешањето на ладните воздушни струи од Индискиот океан со топлите од реката Конго.