Четврток, 04.09.2008
Припадничка на Скотланд Јард која за време на мандатот на поранешниот премиер Тони Блер била задолжена за неговата безбедност, го заборавила пиштолот во тоалетот на едно кафуле во центарот на Лондон, соопшти денес британската полиција.
Потврдувајќи го написот на The Sun, Скотланд Јард соопшти дека се води истрага за инцидентот.
Полуавтоматскиот пиштол Glock 17 бил пронајден откако 20 минути бил оставен во тоалетот на кафулето Старбакс.
Полицајката го симнала својот појас на кој се наоѓал пиштолот додека го користела тоалетот, а потоа купила кафе и излегла од кафулето заборавајќи на оружјето, соопшти полицијата.