Четврток, 04.09.2009
Извозот на оружје на САД во фискалнава година се очекува да достигне 34 милијарди долари што е за 45 отсто повеќе од лани, соопшти служба на Пентагон.
- Нашата програма се зголемува значително, изјави Џејн Фармер од Агенцијата за соработка во областа на одбраната. Таа зборуваше на меѓународна конференција на индустријата за оружје позната како КомДеф 2008.
Меѓу најголемите купувачи на оружје од САД во оваа фискална година биле Авганистан, Саудиска Арабија, Мароко Египет и Ирак.
Продажбата на оруже за фискалната 2007 година била 23,3 милијарди долари, а за 2006 година - 21 милијарда долари, се наведува во податоците на Агенцијата.
Критичари на зголемената продажба велат дека тоа е неуспех на американската дипломатија.
- Наместо да трошат милиони и милијарди за оружје, многу клиенти на САД за оружје треба да го финансираат образованието, здравството и инсфраструктурата со што ќе се помогне за подобрување на стабилноста во државите, вели Вејд Баз од Асоцијацијата за контрола над оружјето, невладина организација.