Четврток, 04.09.2008
Потпретседателот на Демократската партија на Албанците Бесим Догани, изнесувајќи го партискиот став во врска со најавите дека доскорешниот потпретседател Имер Селмани ќе ја напушти партијата и ќе формира нова, истакна дека таквиот потег е голема грешка.
- Тоа во демократските општества и во демократијата е нешто дозволено, нешто сосем легално. Ние не му спориме на господинот Имер Селмани да мисли поинаку и да делува поинаку, но, сепак мислиме дека во овој момент таквиот потег е голема грешка, рече Догани.
Тој не очекува дека таквиот потег на Селмани ќе доведе до поделба на пратеничката група на ДПА.