Шоубизнис

» поопширно



НСДП бара посебна собраниска седница за името

Пратениците на НСДП покренаа иницијатива претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељановски да свика посебна собраниска седница со единствена точка на дневниот ред - утврдување државна стратегија за решавање на спорот во врска со името.

Лидерот на НСДП Тито Петковски на денешната прес - конференција информира дека предлагаат на седницата да се повикаат шефот на државата Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. Тие, потенцира Петковски, треба да ги изложат нивните ставови за решавање на прашањето за името и приоритетите на  македонската надворешна политика. До собраниската седница, предлагаат од НСДП, да се направат консултации со експертската јавност и со НВО кои се занимаваат со меѓународна политика.

Претседателот на Собранието да ја прифати иницијативата на НСДП и да закаже посебна седница, пратениците на партијата да предложат дополнување на дневниот ред со оваа точка на веќе закажаната седница за 16 септември, а доколку не се прифати пратениците од НСДП ќе бараат потписи на уште 17 пратеници за овој предлог. Ова се можностите за остварување на иницијативата на НСДП, што ги предочи Петковски.

- Начинот на кој најодговорните луѓе во државата ја водат надворешната политика и спорот околу нашето уставно име сериозно ги намалува шансите за успех. Дисонантните ставови и штетат на Македонија и се директно во прилог на тврдите грчки ставови, рече Петковски.  Според него, од билатерален спор меѓу Македонија и Грција, прашањето за нашето уставно име, по Букурешт, како што рече, стана внатрешно прашање на ЕУ и на речиси сите земји - членки на НАТО.

Ставот на Петковски за прашањето за името, од самиот почеток, како што подвлече, е усогласување на сите политички партии и никој, ниту претседателот на државта, ниту премиерот да не ја ставаат Македонија како залог за нивните тврди ставови.Тој оцени дека начинот на кој македонскито преговарач Никола Димитров ги водел преговорите со Грција, бил исклучително позитивен за Република Македонија.

- Ова е важно да го направиме и од причини што се најавува можност за мораториум во рок од една година поради изборите за Европарламентот и во Грција. Не сме сигурни дека државниот врв е свесен за последиците од овој чин, оцени на прес - конференцијата лидерот на НСДП Тито Петковски.

http://www.kajgana.com/statija_2681.html

Дополнителни субвенции за земјоделците и сточарите
04.12.2008 | 16:15
Македонец избран за градоначалник на Бринбанк во Австралија
04.12.2008 | 16:11
Лов на Ратко Младиќ во Белград
04.12.2008 | 14:53

Врзете ги појасите, слетуваме Џесика Алба во календарот на Campari за 2009

Gravity Master Red Code Ownage Burst
Day Drive Untangle Color Infection

Прирачник за дебатирање Последна станица - нокаут Треба помош?
FIFA 09 vs PES 2009 Карате кид Ајде да летаме...

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2008 Kajgana.com