Шоубизнис

» поопширно



Почнува првиот историски фестивал "Средновековен Охрид"

На локацијата кај поранешната библиотека во Охрид денеска започнува првиот историски фестивал „Средновековен Охрид“.Историскиот фестивал е интерактивна и мултимедијална културолошко - историска и едукативна манифестација втемелена на традиционалните вредности на Македонија, простор во кој се преплетуваат цивилизациите, народите, културите и религиите.

Фестивалот ќе биде отворен со пригодна програма, во рамките на која ќе биде поставен и средновековниот базар. На оваа церемонија ќе биде објавен и добитникот на главната награда на Фестивалот - Чувар на традицијата.

Посетителите ќе имаат можност да го видат процесот на изработка на ракотворените предмети и самите да се обидат да ги изработуваат. Уметничката програма се состои од настапи на музички групи, хорови, солисти, танчери, жонглери, акробати на повеќе локации низ стариот град во попладневните и во вечерните часови.

Учество на фестивалот ќе земат ансамблот Баклава, Гиш со музичко - поетски перформанс, хорот за средновековна музика Хераклеа, групата за средновековни и ренесансни танци Рагусеум од Дубровник, како и жонглерите и акробатите Фаз Бабл. Фестивалот ќе трае до 8 септември.

http://www.kajgana.com/statija_2686.html

Дубаи Олга Куриленко за Maxim

Битка на микробите Mirror Edge 2D QWOP
Offroad Madness Small Arms Super Stacker

Види финта... Моќта на Посејдон Отидов да копирам
Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција У Квантички :)
© 2005-2008 Kajgana.com