Петок, 05.09.2008
Цирих и Лондон се најатрактивните метрополи во западна Европа, додека животот во Рим е најнеповолен поради високите даноци, покажува студијата на економскиот институт Basel Economics.

Цирих е на првото место според "индексот на атрактивност" благодарение на своите ниски даноци на приходи и добивка, се наведува во студијата која анализира 192 градови во западна Европа.
Цирих се издвојува и со своите иновациски капацитети и има повеќе високообразовани од просекот.
Лондон, кој се наоѓа на второто место, има либерални пазарни прописи, како и голем број квалитетни универзитети. Главниот град на Британија има и повеќе меѓународни аеродроми, се истакнува во студијата.
На трето место се најде Копенхаген.
На последно место е Рим, поради рестриктивните пазарни услови и високите даноци.