Шоубизнис

» поопширно



MTV Video Music Awards, 25-то издание

Петок, 05.09.2008
Марија Андреева

И покрај скандалозно катастрофалнот настап на минатите МTV Video Music Awards, музичката телевизија потврди дека Бритни Спирс повторно ќе ја отвори манифестацијата.

Сепак, нема да биде класичен музички настап, туку како што вели претставникот на MTV Ван Тофлер, тоа ќе биде нешто “забавно и неочекувано“.

Само за потсетување, минатата година,Бритни Спирс имаше настап кој требаше да го означи нејзиниот камбек и промоција на песната "Gimme More", меѓутоа нејзината изведба и настап на шоуто беа катастрофални,па затоа сите се прашуваат што е тоа што ги натера МTV и Бритни на повторна соработка?

“MTV имаше многу значајна улога во мојата кариера. Како може да не бидам таму и да не го отворам нивното јубилејно 25-то издание на MTV Video Music Awards? Многу сум возбудена што ќе го отворам шоуто, што ќе имам можност да се поздравам со моите фанови, како и фактот што сум номинирана во некои од категориите.“ изјави Бритни Спирс, додека пак претставникот на МTV,Тофлер изјави : “ Мислам дека луѓето се зажелени за Бритни Спирс и дека таа е навистина на добар пат кон комплетно опоравување “, а потоа додаде дека “Ова е јубилејно 25-то издание на овие награди, а Бритни е многу важен дел од историја на MTV “

Инаку, Бритни годинаva е номинирана во три категории, меѓу кои е номинацијата за видео на годината, за видеото за песната “Piece of Me".

http://www.kajgana.com/statija_2689.html

Дубаи Олга Куриленко за Maxim

Битка на микробите Mirror Edge 2D QWOP
Offroad Madness Small Arms Super Stacker

Види финта... Моќта на Посејдон Отидов да копирам
Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција У Квантички :)
© 2005-2008 Kajgana.com