Петок, 05.09.2008
Гитарата поради која Џими Хендрикс ги "счури" прстите, но и предизвика револуција во сценските настапи, продадена е на аукција во Лондон за скоро половина милион долари.
Џими Хендрикс ја запали својата гитара Fender Stratocoaster од 1965 година на прочуениот концерт кој го одржа во 1967 година во Финсбери Асторија во Лондон, кога беше префрлен во болница поради изгореници на рацете.
Гитарата достигна цена од 285.000 фунти (495.000 долари).