Петок, 05.09.2008
Американските научници го открија генот кој има пресудна улога во производството на антитела кои ги неутрализираат ретровирусите како ХИВ вирусот.
Ова откритие до кое е дојдено би можело да биде важно за создавање успешна вакцина, а можеби ќе им помогне на научниците да одговорат на прашањето зошто некои лица изложени на ХИВ вирусот никогаш не се заразуваат, истакнуваат авторите на истражувањето објавено денес во магазинот Science.
Генот наречен Apobec 3 кој освен кај луѓето постои и кај глувците, е единствениот кој ја контролира способноста за производство на антитела кои ги уништуваат ретровирусите, што им овозможува успешно да се борат со инфекциите.