Петок, 05.09.2008
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на US Open, откако го совлада осмиот носител Енди Родик со 3:1, во сетови 6:2, 6:3, 3:6, 7:6.

Со фантастична игра во првиот сет, Ѓоковиќ за само 27 минути успеа да дојде до водство против по обичај нервозниот Родик, кој својата игра најдобро ја отслика кога на крајот од сетот со сета сила го тресна рекетот од земја.
Ѓоковиќ во полуфиналето на US Open ќе игра против Роџер федерер, додека другата полуфинална двојка се Рафаел Надал и Енди Мари.