Шоубизнис

» поопширно



Германија ќе ја поддржува Србија кон ЕУ

Петок, 05.09.2008

Германија ќе го поддржи процесот на приклучување на Србија кон ЕУ, вклучувајќи и напорите за „одмрзнување“ на преодниот договор меѓу Белград и Брисел, изјави српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ по разговорите во Берлин со својот германски колега Франк-Валтер Штајнмаер.

- Иднината на Србија е во Европа, изјавил од своја страна првиот германски дипломат и изразил надеж дека Србија во најскоро време ќе преземе уште чекори за напредок на патот кон „европското семејство“.

Според Јеремиќ, наредните шест месеци ќе бидат особено критични за Србија на нејзиниот пат кон ЕУ. Тој додаде дека Белград целосно се потпира на поддршката на Германија во овој момент.

И покрај германската поддршка околу членството на Србија во ЕУ, се уште остануваат разлики меѓу двете земји по прашањето за Косово. - Изразив длабоко жалење од фактот, дека Германија ја призна незаконски прогласената независност на Косово, рече Јеремиќ.

http://www.kajgana.com/statija_2697.html

Дубаи Олга Куриленко за Maxim

Битка на микробите Mirror Edge 2D QWOP
Offroad Madness Small Arms Super Stacker

Види финта... Моќта на Посејдон Отидов да копирам
Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција У Квантички :)
© 2005-2008 Kajgana.com