Благоја Јовановски (48) и неговиот 18 годишен син Александар, кои вчера попладне беа повредени во вооружена престрелка во скопската населба Ченто се во критична состојба и се борат за живот.
Александар е пренесен во Ургентниот центар, врз него е извршена хируршка интервенција и е сместен на Клиниката за интензивна нега, додека Благоја се наоѓа во единицата за интензивна нега и реанимација при Градска хируршка клиника и се уште е во животна опасност, изјави директорот на болницата Виктор Камиловски.
Двајцата се повредени во семејната колонијална продавница „Блаже Комерц“ додека растоварале роба. Според првичните сознанија, кон членовите на семејството Јовановски пукал извесен Муртезани.
Полициски екипи извршиле увид во куќата на осомничениот Муртезани. Тој не бил дома. Истрагата продолжува.