Според истражувањето “Балкан Инсајд“, претседателот на Р.М. Бранко Црвенковски има најмала плата од неговите колеги на Балканот. Стотка повеќе од него зема црногорски претседател Филип Вујановиќ, чија месечно зема плата од околу 1.300 евра.
На Балканот највисока плата има хрватскиот претседател Стјепан Месиќ кој месечно заработува 3.600 евра.
Косовскиот претседател фатмир Сејдиу е веднаш под него со месечни примања ос 3.100 евра иако Косово е со најнизок животен стандар во регионот.
Романскиот претседател Трајан Басеску е со плата од околу 2.500 евра.
Во истражувањето нема споредувања на платата на претседателот во европска Романија спрема примањата на неговит еколеги од ЕУ.
Попрегледно платите на претседателите од Балканот изгледаат вака:
1. Стјепан Месиќ Хрватска 3.600 евра
2. Фатмир Сејдиу Косово 3.100 еврa
3. Трајан Басеску Романија 2.500 евра
4. Бамир Топи Албанија 2.100 евра
5. Борис Тадиќ Србија 1.900 евра
6. Филип Вујановиќ Црна Гора 1.300 евра
7. Бранко Црвенковски Македонија 1.200 евра