Аеродроми на Македонија - Скопје ќе прекине со давање услуги на редовниот авиопревозник Македонски авиотранспорт - МАТ доколку оваа компанија во рок од пет дена не ги подмири тековните обврски кон претпријатието.
Од АД Аеродроми на Македонија посочуваат дека тековните обврски на МАТ изнесуваат 42.028.109 денари и потсетуваат дека МАТ има и заостанат долг во износ од 116,29 милиони денари и оти во тек се неколку судски постапки.