Петок, 05.09.2008
Кевин Киген и официјално не е повеќе менаџер на англискиот премиерлигаш Њукасл.
Киген се одлучи на овој потес по долгите преговори со клупското раководство, кое се обиде да го задржи на местото на кое беше од јануари оваа година, па дури и демантираше дека Киген ќе си замине.
Киген во последните три дена не доаѓа на тренинзи, а причина за неговата оставка е незадоволството од разврската во преодниот рок и фактот дека поединци премногу му се мешаат во работата со тимот.