Шоубизнис

» поопширно



Ќе се црта гасоводна мапа на Македонија

Министерството за транспорт бара консултанти кои ќе изготват физибилити студија за гасификација на Македонија. Оваа седмица објавен е меѓународен повик до компании кои ќе треба да понудат гасификациско решение за индустријата и домаќинствата.

- Овие консултанти ќе треба да ја исцртаат мапата на гасоводната мрежа во Македонија и да понудат идејни проекти, изјави министерот за транспорт, Миле Јанакиески.

Додека земјите од регионот потпишуваат договори вредни милијарди долари за делници од магистрални гасоводи и спроведуваат гас до крајните корисници, македонските стопанства и домаќинства и натаму се без најевтиниот енергенс.

- Овој проект тапкаше во место со години. Ние активно му се посветивме затоа што со него значително ќе се намалат трошоците на индустријата и на граѓаните, вели Јанакиески.

Според плановите на министерството, по подготовката на студијата за изводливост и изборот на идејно решение, првиот магистрален гасовод во Македонија би можел да почне со изградба кон крајот на 2009-та, а гасификациската мрежа низ целата земја во втората половина на 2010-та година.

http://www.kajgana.com/statija_2705.html

Дубаи Олга Куриленко за Maxim

Битка на микробите Mirror Edge 2D QWOP
Offroad Madness Small Arms Super Stacker

Види финта... Моќта на Посејдон Отидов да копирам
Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција У Квантички :)
© 2005-2008 Kajgana.com