Шоубизнис

» поопширно



ЕУ се надева на нов почеток во односите со САД

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија денеска на состанокот во францускиот град Авињон изразија надеж за нов почеток во односите со САД, по изборот на новиот американски претседател, во ноември, но некои од нив нагласуваат дека очекуваат и нови предизвици.

- Никој не се сомнева дека разликите меѓу Европа и Америка по 2001 година треба да бидат надминати и во изминатите месеци видовме решителни напори за постигнување заедничка позиција по многу различни прашања како Иран, Русија и меѓународната помош, нагласи британскиот министер за надворешни работи Дејвид Милибанд.

Тој изрази увереност оти постои голема веројатност дека Европа и САД ќе работат заедно и тоа не на сметка на новите растечки сили Индија и Кина, туку заедно со нив.

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер изрази увереност дека идниот американски претседател, независно дали ќе биде од редовите на Републиканската или Демократската партија, ќе им предложи нови иницијативи на Европејците.

- Би се радувал доколку едно, според мене, неопходно обновување на трансатлантските односи по прашања како климатските промени, енергетската политика и технолошката соработка, повторно ќе најде место во американската политика, додаде Штајнмаер.

На состанокот, во просториите на средновековниот папски дворец во Авињон, 27-те министри од ЕУ повикаа за спроведување меѓународна истрага, со која ќе се утврди вината за воениот конфликт меѓу Грузија и Русија.

Истрагата треба да покаже, која страна го предизвикала судирот и дали во петдневните воени дејствија имало нарушување на човековите права.

Шефовите на дипломатиите напоменаа дека спроведувањето независна истрага може да ја „прочисти атмосферата“ меѓу Грузија и Русија и да помогне во решавање на конфликтот.

Италијанскиот министер за надворешни работи Франко Фратини изјави дека добил позитивни сигнали во врска со ова прашање и од Москва и од Тбилиси.

На средбата беше разгледано и прашањето за терминот на испраќање на европските набљудувачи во Грузија, кои би требало да бидат гарант во повлекувањето на руските сили.

Шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд изјави дека очекува неколку стотини набљудувачи да заминат за Грузија во втората половина на овој месец.

Високиот претставник за заедничка надворешна политика и безбедност Хавиер Солана нагласи дека мисијата практично е подготвена за испраќање.

- Единствено треба да се одлучи кога, како и под каков мандат, додаде Солана и нагласи дека мисијата официјално ќе биде формирана на средбата на шефовите на дипломатиите на ЕУ на 15 септември.

Шефовите на дипломатиите од ЕУ денеска побараа и конструктивно решавање на политичката криза во Украина.

http://www.kajgana.com/statija_2706.html

Дубаи Олга Куриленко за Maxim

Битка на микробите Mirror Edge 2D QWOP
Offroad Madness Small Arms Super Stacker

Види финта... Моќта на Посејдон Отидов да копирам
Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција У Квантички :)
© 2005-2008 Kajgana.com