Екс министерот за образование Сулејман Рушити и носителот на листата во втората изборна единица Абедин Зимбери, се двајцата сигурни пратеници кои заедно со Селмани ќе биде дел од новиот политички субјект. ДПА ги изгуби гостиварскиот и кумановско-липковските ограноци, а вчера и го разреши Рушити од сите негови партиски позиции.

Со Селмани е и Ружди Матоши. ДПА, денес обвини дека зад новата партија стои Никола Груевски, кој на Селмани му ветил партиципација во власта преку едно до две министерски места. Со тоа Селмани би добил министерска позиција, а Матоши како втор на листата во скопска единица би влегол во Парламентот. И Селмани во вчерашната прва официјална изјава за медиумите не криеше дека амбициите на новата партија се да можат да ја креираат политиката во државата.
Во контекст, пак, на распределбата на партиските сили, неофицијално дознаваме дека Тачи во мираз на Селмани му ја оставил и таканаречената кондовска група предводена од Агим Красниќи. Од скопскиот регион сигурни играчи кај Селмани се и членовите на централното претседателство, Аргетим Нагавци и Наим Халими, поранешниот министер за екологија Џелал Бајрами.
Од партијата на Селмани се фалат дека Тачи го изгубил Скопје. Од ДПА пак велат сека скопскиот и кумановско-липковскиот регион одамна се изгубени како терен, за што јасно говорат и резултатите од последните изборни циклуси, каде ДПА традиционално и катастрофално губеше. Од новата паратија велат дека се повеќе симпатизери им се приклучуваат од Куманово, а зад нив стојат и базите на Сарај, Чаир и Бутел. Но, затоа пак, Тетово и натаму останува бастион на Тачи, потврдуваат двете страни.