
Српската тенисерка се пласираше во финалето на овогодинешниот US Open откако во два сета (6:4, 6:4) ја совлада актуелната олимписка шампионка Eлена Дементиева.
Јелена Јанковиќ во финалето ќе игра против Серена Вилијамс, која без проблем ја совлада Динара Сафина со 6:3, 6:2. Американката без многу мака ја совлада Русинката, која пружи партија далеку под своето ниво.