Само неколку капки дожд беа доволни да им направат големи проблеми на возачите на вториот тренинг пред стартот на трката за ГН на Белгија. Спа се покажа како голем проблем за светскиот шампион Кими Раиконен кој удри во ѕид. Уште полошо пројде Џанкаро Физикела, чиј што болид мораше да биде остранет од патеката.
Најбрзо време постигна Фернандо Алонсо зад воланот на Рено, зад него е Фелипе Маса (кој бше најбрз на првиот тренинг), додека трет беше Хеики Ковалаинен. Водечкиот во генералниот пласман Луис Хамилтон имаше најдобро време додека паѓаше дожд, но со подобрувањето на условите на патеката, паѓаше и неговата концентрација.
Трката за Големата награда на Белгија се вози во недела во 14 часот.