Сабота, 06.09.2008
Инспириран од Нил Јанг и Рејдиохед, американскиот режисер Мајк Мур ќе го објави својот нов филм Slacker Uprising бесплатно преку интернет. Ќе биде достапен од 23-ти септември.

Филмот Slacker Uprising го следи походот на Мајкл Мур низ 62 градови за време на изборите во 2004, со кој сакал да ги мотовира младите гласачи. Првично, Мур сакал новиот филм да го најави како "голем изборен филм" како што во 2004 година беше Fahrenheit 9/11, дело кое беше прилично критично кон претседателот Буш.
Slacker Uprising чини 2 милиони долари, од кои Мур дал 1 милион од сопствен џеб. Ниту тој, ниту неговиот дистрибутер Brave New Films не планираат да заработат од филмот.