Шоубизнис

» поопширно



Eвропарламентот работи Македонија да добие позитивен извештај

Македонија треба во следните клучни месеци да работи напорно за да ги исполни условите кои и се поставени од Унијата, истакна Јелко Кацин европарламентарец од Словенија и лобист за Македонија.

Порача Владата и опозицијата заеднички да работат бидејќи Брисел ќе го оценува степенот на демократија и соработка помеѓу нив во ноемврискиот извештај.

- Во европскиот Парламент имате многу искрени пријатели. Ние се трудиме да се создадат услови да се направи позитивен извештај, но вие треба сами да поработите на исполнување на условите - изјави Јелко Кацин.

Иако како услови кои треба да ги исполниме беа наброени осум, сепак спорот со името со Грција се наметна како пречка за влезеот на Македонија во НАТО и ЕУ. Според Кацин, проблемот со името не треба да се интернационализира туку да се реши на дипломатски начин помеѓу двете засегнати страни.

- Треба да се вложат напори и да се постигне договор и врз основа на тој договор да се деблокира овој спор кој го отежнува патот на Македонија кон ЕУ - вели Кацин.

Кацин порача Собранието како највисок законодавен дом во државава да ги носи законите преку нормална парламентарна процедура. Според него многу е поважен квалитетот на законите кои се носат да биде во согласност со Унијата, а не само квантитетот на донесените закони.

 

 

http://www.kajgana.com/statija_2712.html

Дубаи Олга Куриленко за Maxim

Битка на микробите Mirror Edge 2D QWOP
Offroad Madness Small Arms Super Stacker

Види финта... Моќта на Посејдон Отидов да копирам
Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција У Квантички :)
© 2005-2008 Kajgana.com