Шоубизнис

» поопширно



Уште неколку работи за мажите

Сабота, 06.09.2009

 

 

Дали се попаметни мажите, или жените? Кој полесно поднесува болка, а на кого повеќе му годи бракот? Време е да се разбијат уште неколку предрасуди поврзани со машко-женските односи. Ви претставуваме уште четири факти за мажите, кои можеби не сте ги знаеле, но сепак ве интересирале.

Кој е попаметен?
Иако и жените и мажите генерално мислат дека машкиот род е попаметен, Адриан Фурнам, британски професор по психологија на Универзитетот во Лондон, не се согласува со оваа генерализација. Професорот Фурнам изврши серија на тестирања и анализи, кои укажуваат дека ниеден пол не отскокнува значително од другиот, кога е во прашање коефициентот на интелигенција. Сепак, забележлива е голема разлика во начинот на перцепција на интелигенцијата. Во различни култури, припадниците на двата пола ги сметаат машките припадници на семејството за поинтелигентни од женските. Речиси не постои фамилија, во која синовите, таткото и дедото не се попаметни од ќерките, мајката и бабата.

Крајниот заклучок е дека мажите ги преценуваат своите интелектуални способности, а жените имаат потценувачки став за себе.


Толеранција на болка

Од секогаш се сметало дека жените се подготвени да издржат поголема болка од мажите, секако, од биолошка причина - раѓањето деца. Но, новите сознанија го докажуваат спротивното. Жените осеќаат интензивна и "поинаква" болка само поради различната "конфигурација" на нивниот систем. Мажите сепак полесно ја поднесуваат болката. Кога би раѓале мажите, најверојатно не би го прикажувале раѓањето како некое особено болно искуство.


На кого повеќе му прилега брак?

Иако низ целиот свет е прифатено општото мислење дека мажите имаат аверзија кон брачниот живот, психологот Нил Џејкобсон од Универзитетот во Вашингтон, смета дека мажите се тие на кои повеќе им прилега бракот.

Жените во брак влегуваат препоплни со големи очекувања, што на крај најчесто води кон разочарување. Жените се склони кон менување на своите особини во бракот, затоа што настојуваат да ја задоволат улогата на традиционална сопруга, а со тоа ги менуваат и особините кои ги сака нивниот маж. Според истражувањата, бројот на мажи кои запаѓаат во депресија во брак е двојно помал од жените.

Биолошкиот часовник на мажите
И мажите имаат свој биолошки часовник кој со тек на време станува се по "расштиман". Како што стареат мажите, секоја година губат во просек по 1% тестостерон, што придонесува за смалување на производството на квалитетна сперма. Тоа е причината поради која старите мажи имаат повеќе шанси да добијат дете кое боледува од аутизам, шизофренија или даунов синдром.

http://www.kajgana.com/statija_2714.html

Дубаи Олга Куриленко за Maxim

Битка на микробите Mirror Edge 2D QWOP
Offroad Madness Small Arms Super Stacker

Види финта... Моќта на Посејдон Отидов да копирам
Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција У Квантички :)
© 2005-2008 Kajgana.com