Едно лице загина, а повеќемина други се спасени во последен момент, во големите поплави што зафатија делови од централен Велс и северна Англија.

Една 17-годишна девојка настрада во тешко достапните делови на Велс, откако возилото во кое се наоѓала се превртело. Две други лица, маж и жена, кои се наоѓале со девојката, биле спасени и префрлени во болница со последици од хипотермија.
Британската полиција и локалните екипи за спасување, јавуваат дека во подрачјата зафатени со поплавите имало повеќе вакви инциденти, кога луѓето со своите возила се обидувале да ја преминат големата вода, па останале заглавени, но дека благодарејќи на брзата интервенција на спаувачите, на кои им се приклучиле и воени хеликоптери, засега нема сознанија за нови смртни слуцаи.
Во текот на изминиатиот месец Британските Острови беа зафатени со врнежи и со пониски температури од вообичаените за т.н. „британско лето“, кои на почетокот на септември прераснаа во неколкудневни поројни дождови, што предизвикаа повеќе реки и планински потоци да надојдат и да ги поплават околните населби и населени места.
Метеоролоската служба најавува дека врнежите ќе продолзат и во текот на следната недела, а Агенцијата за заштита на животната средина предупредува од нови излевања на реките.
Од Велс и од англиската област Јоркшир се јавува дека десетици поплавени куќи, особено оние кои се наоѓале во пониските делови и поблиску до надојдените води. Полицијата врши евакуација на населението во оние делови од земјата каде во текот на следните 40 часови се очекува излеванје на реките.