117 илјади денари од ОKTA и 18 илјади од бензинската пумпа на Макпетрол. Вооружени со автоматска пушка и пиштол, двајца маскирани напаѓачи синоќа ги испразниле касите. На бензинската пумпа пред Истражниот затвор во Шутка пристигнале со автомобил рено 19 бела боја.

Едниот од нив се упатил во затворениот дел каде им се заканил на вработените, едниот од нив со рачката од пушката го удрил по глава. Сите 117,000 денари кои биле во касата, ги зел и си заминал. Половина час подоцна, упаднале во бензинската пумпа на Макпетрол оддалечена само неколку метри подолу на истата улица. Овој пат крадците пристигнале пеш.
Влегле во бензинската, но таму имало само 18,000 денари. Министерството за внатрешни работи по извршениот увид претспоставува дека се работи за исти крадци. Ја користеле истата техника, а и на двете места биле вооружени и маскирани.
Вработените на бензинската на ОКТА велат дека крадците го искористиле временскиот теснец. Поради празниците во тоа време немало никој на улицата Македонско косовска ударна бригада. Исплашени од можна одмазда не сакаа да зборуваат. Велат дека не е прв пат да имаат расправии во оваа населба. Среќни се што вчера поминале без повреди.