Шоубизнис

» поопширно



Протести во Солун поради економската ситуација во Грција

Грчката полиција денеска распореди повеќе од две илјади свои припадници во Солун, каде синдикатите и други групи најавија учество во протестите во врска со економската ситуација во земјата.

Демонстрациите во вториот по големина град во Грција ќе се совпаднат со годишниот говор на премиерот Костас Караманлис за состојбите во грчката економија, кој ќе го одржи на меѓународниот саем во Солун.

Протестите се во организација на најголемите синдикати во Грција, кои бараат зголемување на платите, пензиски реформи и преразгледување на работничките права.

Протести во униформи ќе одржат и асоцијациите на полицијата и на пожарникарите.

- Очекуваме премиерот и многу гласните членови на кабинетот да ни кажат што ќе се случи со сите пензионери кои имаат ниски примања, со невработените и со сите други лица, кои стравуваат за своите работни места, изјави Јанис Панагопулос, лидерот на најголемиот грчки синдикат - ГСЕЕ.

Во Грција од 1 септември беше зголемена минималната плата од 680 на 701 евро.

http://www.kajgana.com/statija_2717.html

Дубаи Олга Куриленко за Maxim

Битка на микробите Mirror Edge 2D QWOP
Offroad Madness Small Arms Super Stacker

Види финта... Моќта на Посејдон Отидов да копирам
Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција У Квантички :)
© 2005-2008 Kajgana.com