По барањето на ЕЛЕМ за поскапување на струјата од 40 отсто, Министерот за економија денес најави субвенции на сметките за струја за социјално најзагрозените. Социјалните пакети се предвидени за почетокот на 2009 година.

- Размислуваме за воведување на социјални пакети за оние кои се социјално најзагрозени. Во моментов се работи на проектот, а се очекува олеснувањата да се воведат на почетокот на 2009 година - вели Фатмир Бесими, министер за економија.
Минатата година Минстерството за труд и социјална политика предложи четири модели со кои ќе се субвенционираат дел од сметките за струја на лицата кои примаат социјална помош.
Според првиот модел државата требаше да плаќа 80 киловат-часа од сметките за струја, односно требаше да издвои 3 милиони и 750 илјади евра. Вториот модел предвидуваше субвенција од 100 киловат-часа кои би ја чинеле државата околу 4,4 милиони евра. Според третиот модел беа предвидени 120 киловат-часа или 5,3 милиони евра од државната каса, а според четвртиот 165 киловати односно 7,3 милиони евра.
Ова би значело дека држвата би им субвенционирала од 272 до 579 денари од сметката на социјланите случаи.