Субстандардни услови за сместување во студентските домови. Искршени врати, руинирани тоалети, стари кревети ова се условите во кои учат идните академски граѓани.Сепак студентите се задоволни - велат со оглед на цената која ја плаќаат добро е, може само да се инвестира во тоалетите.
- Веќе со години не е инвестирано во студентските домови. Тие плаќаат 3000 денараи за сместување од кои 1000 за престој и 2000 за храна - изјави Самоил Малчевски, претседател на студентски парламент.
- Супер ми е на мене,си се сместив и баш ми е убаво. Може само малку околу тоалетите да се поработи - рече еден студент.
- Па и ние студентите слабо водиме грижа за самите соби - вели друг студент.
За десетина дена околу 300 студенти ќе може да се сместат во новата машка зграда во студентскиот дом Стив НАумов.Малчевски тврди дека собите се добиени регуларно.
- Од оваа година аплицирањето за сместување е електронски,што го исклучува човечкиот фактор во мешање и местење за издавањето на соби - изјави Малчевски.
Подобри услови студентите можат да очекуваат дури наредната година кога е најавена реконструкција на Студентскиот дом Гоце Делчев и санација на другите домови.