САД повторно започнуваат да ја воооружуваат Грузија. Вака гласи најновото од серијата обвинувања кои официјална Москва го упати на адреса на западноевропските држави и пред се администрацијата во Вашингтон.

Рускиот претседател Медведев денеска изјави дека вооружувањето на грузискиот режим се одвива под изговор дека се работи за испорака на хуманитрана помош.
Во меѓувреме западните джрави преку своите меидуми ги итензивираа обвинувањта на адреса на актуелниот премиер Владимир Путин посочувајќи дека негова крајна цел е изградба на нова руска империја.
Распарчувањето на Грузија, заканите кон Украина и воените предупредувања кон Полска и балтичките држави само го укажуваат степенот до кој Русија е подготвена да оди за да ја врати својата воена доминација во светот.
Официјален Вашингтон веќе упати повик до НАТО „подобро да се подготви“ за одбраната на Естонија, Летонија и Литванија од воен напад, по се она што се случи во кавкаскиот регион и по воената интервенција на руската армија во Грузија, што се толкува како знак за забрзаното заострување на односите меѓу Вашингтон и Москва.
Во меѓувреме неодамнешната интевенција во Грузија не го стави на виделина само новиот воен туку го откри и новиот дипломатски курс на Москва и новиот пресетдател Медведев. Имено Русија која до неодамна не ни помислуваше сега ја разгледува опцијата за признавање на Косово.
Белград пак кој се колнеше во својот единствен моќен светски пријател Русија сега ги отфрла барањата од Москва и најавува дека никогаш нема да ја признае независноста на Абхазија и јужна Осетија од Грузија.
Приштина пак која прави напори да биде признаена од што поголем број држави денеска најави дека одбива да дозволи евентуално признавање на независно Косово од отцепената грузиска област Абхазија и Јужна Осетија.