Шоубизнис

» поопширно



Американците ги обучувале грузиските специјалци

Американската војска ги обучувала грузиските специјалци во пресрет на нападот врз Јужна Осетија, пишува денеска британскиот весник „Фајненшл тајмс“.

Весникот наведува дека до овој податок дошол преку документите за договорите за регрутирање и интервјуа со американски офицери задолжени за обука.

За обука на грузиските специјалци биле задолжени американските војници и две агенции кои ги ангажирал Пентагон - МПРИ и „Американ системс“, тврди весникот.

Агенциите, и двете со седиште во американската сојузна држава Вирџинија, продолжува „Фајненшл тајмс“, регрутирале тим од 15 поранешни припадници на специјалните единици, кои во рамки на програмата на американското Министерство за одбрана, ги обучувале Грузијците во базата Вашлијвар, на периферијата на Тбилиси.

Вооружените сили на САД, како што се наведува во написот, обезбедиле обука за 80 грузиски специјалци само неколку месеци пред нападот на властите на Тбилиси врз Јужна Осетија.

Ова сознание, оценува „Фајненшл тајмс“, уште повеќе ќе ги зајакне обвиненијата на рускиот премиер Владимир Путин дека САД ја диригирале целата оваа ситуација.

Путин на 29 август пред американската телевизија Си-Ен-Ен изјави оти не станува збор само за тоа дека „американската страна не успеала да го спречи грузиското раководство да го изврши тој злосторнички чин“. - Американската страна дури и ја вооружувала и обучувала грузиската војска, додаде Путин. 
 

http://www.kajgana.com/statija_2723.html

Дополнителни субвенции за земјоделците и сточарите
04.12.2008 | 16:15
Македонец избран за градоначалник на Бринбанк во Австралија
04.12.2008 | 16:11
Лов на Ратко Младиќ во Белград
04.12.2008 | 14:53

Врзете ги појасите, слетуваме Џесика Алба во календарот на Campari за 2009

Gravity Master Red Code Ownage Burst
Day Drive Untangle Color Infection

Прирачник за дебатирање Последна станица - нокаут Треба помош?
FIFA 09 vs PES 2009 Карате кид Ајде да летаме...

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2008 Kajgana.com