Шоубизнис

» поопширно



Струјата неизбежно ќе поскапи, но не повеќе од 15%

Македонскиот премиер Никола Груевски смета дека барањето од ЕЛЕМ за поскапување на струјата е оправдано и неизбежно, со оглед на тоа што, како што истакна, поскапувања имало во сите други земји во Регионот и Европа и тоа многу порано од Македонија. Сепак, според него, бараните 40 проценти поскапување од ЕЛЕМ, не значат толкаво поскапување кон крајниот потрошувач, кое се очекува да биде од 15 до 16 проценти.

- Ние над две години ја субвенциониравме струјата со средства од Буџетот и покривавме загуби во тој дел. Сите држави од Регионот и од Европа ја покачија цената на струјата за најмалку 30 до 40 проценти, а некои и до 60 проценти. Ова покачување не би требало да биде ни приближно толкаво, како покачувањата во изминатите две години во овие земји. Би требало покачувањето да биде од 15 до 16 проценти, изјави премиерот Груевски одговарајќи на новинарско прашање по денешната посета на локациите каде се градат Музејот на македонската борба и на жртвите на комунизмот и Стариот театар.

Тој посочи примери на земји во кои имало значително поголеми покачувања на цената на струјата, додавајќи дека Македонија подолго време од сите други земји успеала да ја задржи истата цена.

- Некаде покачувањето се движи до 33, некаде до 37, некаде до 40 проценти. Во Унгарија има покачување од 60 проценти, а во Италија и Австрија околу 50. Зборувам за периодот од последните две години, а во Република Македонија цената на струјата воопшто не се покачи зашто субвенционираме цело време максимално и го издржавме притисокот од меѓународните институции кои бараа да се покачи цената на струјата. Сега, во споредбата со другите држави правиме помала корекција и потоа, како што ми објаснија од ЕЛЕМ, подолг период воопшто нема да има нови покачувања, рече премиерот, кој не очекува дека покачувањето ќе има сериозно влијание на инфлацијата.

Тој најави дека Владата и натаму ќе продолжи да ги покрива загубите од увозот на струја, чија цена, како што рече, е се поскапа.

- Увезената струја е се поскапа и тука ние ги покриваме загубите. Ќе продолжиме веројатно подолг период да ги покриваме загубите во тој дел. Имаме многу поскапо увезена струја од тоа што се продава и тоа е под субвенција на Буџетот. Многу малку држави го прават тоа, истакна македонскиот премиер.

На прашањето како Владата планира да го заштити стандардот на граѓаните Груевски рече дека иако покачувањето кое би се случило ќе биде далеку помало од она што би требало, сепак тие ќе преземат соодветни мерки. - Повторно ќе одиме со  субвенции и покривање на оној дел што треба да го плаќаат граѓаните и компаниите со цел да се заштити стандардот на граѓаните,  истакна премиерот Никола Груевски.

http://www.kajgana.com/statija_2727.html

Дополнителни субвенции за земјоделците и сточарите
04.12.2008 | 16:15
Македонец избран за градоначалник на Бринбанк во Австралија
04.12.2008 | 16:11
Лов на Ратко Младиќ во Белград
04.12.2008 | 14:53

Врзете ги појасите, слетуваме Џесика Алба во календарот на Campari за 2009

Gravity Master Red Code Ownage Burst
Day Drive Untangle Color Infection

Прирачник за дебатирање Последна станица - нокаут Треба помош?
FIFA 09 vs PES 2009 Карате кид Ајде да летаме...

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2008 Kajgana.com