Познатиот хрватски пејач Дино Дворник почина денеска претпладне во Загреб во 45-та година од животот под се уште неразјаснети околности, јавија хрватските медиуми.
Веста за хрватските медиуми ја потврди неговиот брат Дејан. - Пред неколку месеци го загубив татко ми, а сега и братот, не знам што да ви кажам, изјави Дејан.
Дино Дворник посетувал музичко училиште, но се откажал од наставата и на 17 години заедно со брат му Дејан го формираше бендот „Кинески ѕид“.
Во 1988 година дебитираше на Загреб фест со песната „Теби припадам“ и ја освои наградата за најдобар дебитант. Во 1996 година ја освои наградата Порин за песната „Африка“. Во текот на животот се обидел и во актерските води.
Во август 1989 година се ожени со Данијела Куљиш, со која ја има ќерката Ела.