Шоубизнис

» поопширно



Никола Саркози на мисија во Москва

Понеделник, 08.09.2008

 

Францускиот претседател Никола Саркози се наоѓа пред тешка задача во својата мисија во Москва за да ја убеди Русија да се надминат разликите со Западот околу кризата во Грузија, пишува лондонски „Индепендент“.

Весникот наведува дека не е ниту малку лесна намерата на претседателот Саркози за да ги убеди руските власти да го почитуваат неговиот план за надминување на грузиската криза поради „триумфилистичкото однесување“ на Кремљ како и поради посетите на американските и британските дипломати во Грузија и Украина и нивната, како што пишува „Индепендент“, „тврда реторика“ што може уште повеќе да ја „зацврсти руската позиција“.

Саркози мора на Москва да и каже дека ЕУ нема во се да ги слуша Американците околу решавањето на кризата на Кавказот, но и тоа дека Европа нема да ги признае сецесионистичките грузиски провинции Абхазија и Јужна Осетија, пишува лондонскиот весник, нарекувајќи ја апсурдна тезата на Кремљ дека Јужна Осетија со нејзините едвај 70 илјада жители е исто што и Косово и неговите два милиони жители. Според „Индепендент“, од властите во Москва Саркози мора да бара повлекување на руската војска од територијата на Грузија и да настојува да ги убеди своите соговорници дека распалувањето на грузиската криза само ќе ја одведе Русија во уште поголема меѓународна изолација.

http://www.kajgana.com/statija_2729.html

Дополнителни субвенции за земјоделците и сточарите
04.12.2008 | 16:15
Македонец избран за градоначалник на Бринбанк во Австралија
04.12.2008 | 16:11
Лов на Ратко Младиќ во Белград
04.12.2008 | 14:53

Врзете ги појасите, слетуваме Џесика Алба во календарот на Campari за 2009

Gravity Master Red Code Ownage Burst
Day Drive Untangle Color Infection

Прирачник за дебатирање Последна станица - нокаут Треба помош?
FIFA 09 vs PES 2009 Карате кид Ајде да летаме...

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2008 Kajgana.com