Понеделник, 08.09.2008
Тројца турски војници и тројца селски чувари загинаа вчера во престрелка со припадници на Курдската работничка партија во областа Шемдинли во Источна Турција, јави турскиот телевизиска канал Си-Ен-Ен Турк.
Во престрелката се повредени двајца турски војници. Во меѓувреме, турската армија презеде голема операција за пронаоѓање на курдските бунтовници.
Курдската работничка партија која Турција, САД и Европската унија ја сметаат за терористичка организација, од 1984 година се бори за автономија во југоисточниот дел на Турција, каде што живее главно курдско население. Во судирите досега загинаа над 37.000 лица.