Понеделник, 08.09.2008
Русија утре официјално ќе воспостави дипломатски односи со Абхазија и Јужна Осетија, пишува денеска рускиот весник „Комерсант“, повикувајќи се на извор од абхазиското Министерство за надворешни работи.
Весникот наведува дека пред неколку дена се одржале консултации на таа тема во Москва, кога во руската престолнина за учество на манифестацијата по повод одбележувањето на Денот на градот пристигнале лидерите на девте републики Едиард Кокојти и Сергеј Багапш.
Русија ја призна независноста на Абхазија и Јужна Осетија на 26 август.