Дека годините и гравитацијата си го прават своето, жените веќе одамна знаат. Но, се чини дека и некои од безвременските икони на машкоста се повеќе потклекнуваат пред забот на времето. Ајде да видиме некои од секс симболите на кои би им било подобро кога би ги заборавиле улогите на мачо заводници.
Пирс Броснан, поранешниот агент 007, најверојатно престанал да се грижи за својот изглед кога ја изгубил улогата на најпознатиот агент на светот. Вежбањето во теретана, очигледно го заменил со вежбање во пивница.

Клинт Иствуд можеби никогаш не сте го сметале за парче, но само еден поглед на фотографијата од некогаш и сега буди носталгија за времето кога нашите баби воздивнувале по неговото тело.

Најпознат како "Американски жиголо", Ричард Гир денес е само сенка од заводник кој беше во минатото.

Дејвид Хаселхоф во времето на најголемата популарност изгледаше како современ Аполон. Денес, како спасувач на плажа би бил прилично неуверлив.

Роџер Мур - уште еден поранешен Бонд кого го прегазија годините.

Гувернерот на Калифорнија Арнолд Шварценегер со ова тело сигурно не би ја освоил титулата која му ги отвори вратите на Холивуд.
