
Некои тетоважи можеби изгледаат интересно и привлечно во вашите 20-ти години, но сите тетоважи изгледаат лошо кога ќе ве "прегазат" годините. За среќа на љубителите на тетоважите, компанијата за производство на мастило Freedom-2 разви нов вид на боја која може да се отстрани со само еден ласерски третман, наместо 6-7.
Револуционерното мастило е базирано на микроенкапсулација, концепт кој се користи уште одамна во детските списанија, поточно во налепниците кои испуштаат мирис кога ќе бидат изгребани. Мастилото содржи пигменти спакувани во нерастворливи полимери, кои претставуваат микроскопски зрнца.
Овие зрнца остануваат во целост недопрени кога се нанесени на кожата со што ја прават тетоважата видлива, но штом дојдат во допир со ласерот за отстранување, напукнуваат и ги испуштаат растворливите пигменти, со што тетоважата веднаш се брише.