Шоубизнис

» поопширно



Сто години Converse


Повеќето од нас барем еднаш биле горд сопственик на култните патики кои годинава слават 100 години постоење. Ова е приказната за нивното раѓање и историјата.

Во далечната 1908 година, во главата на Маркиз М. Конверс, кој тогаш бил ценет менаџер на една фабрика за облека, се родила идејата да создаде сопствена фабрика под името Converse Rubber Shoe Company во Малден, Масачусетс. Во тоа време, 30 годишниот Конверс не ни сонувал дека неговата мала фабрика ќе прерасне во големо царство кое ќе завладее со светот на патиките.

На почетокот, фабриката произведувала кондури со гумен ѓон за мажи, жени и деца, а две години подоцна почнале дневно да произведуваат по 4.000 пара кондури. Сепак, славните патики доаѓаат во 1915 година, а големиот пресврт се случил две години подоцна откако биле претставена славната Converse All-Star кошаркарска патика. Успехот на пазарот го доживеале во дваесеттите години, кога одушевен од нивната удобност ги прифатил кошаркарот Чарлс "Чак" Тејлор, воедно станувајќи и нивен главен промотер. Откако производителот прифатил неколку негови сугестии за флексибилноста, патиката го добила своето сегашно име и препознатливиот потпис на Тејлор на сошиената етикета.

До 1966, Converse нудел само црна и бела варијанта, а потоа биле воведени и нови бои за патиките да можат да им одговараат на различни тимови. Во овој период, производителот сочинувал дури 80% од американскиот пазар на патики. Следен е периодот на иновации кој донел модели од нови материјали: кожа, џинс, коноп и лен. До својата смрт во 1969 година, во нивното дизајнирање учествувал и самиот Чак Тејлор. Кога Nike го купи Converse, целото производство беше комплетно изнесено од Америка, а се случија и измени во дизајнот од кои најзначајна е промената со која платното на патиките повеќе не е во два слоја. Вистинските љубители на овие патики велат дека разликата е навистина забележителна.

Крајно едноставен дизајн, неповторлива леснотија, удобност и специфична индивидуалност која им ја даваат препознатливите бои се главните адути на популарните "старки". Меѓутоа, некои не би се сложиле со ова и ги опишуваат како крајно грди патики кои ги носат сите оние кои себеси барем малку се сметаат за алтернативни и ги сметаат за преценети.

Сепак, All Star се дефинитивно најуспешните патики во историјата. Во новиот век влегоа со дури 750 милиони продадени парчиња, а се проценува дека секоја недела ширум светот се продаваат по 30.000 пара. Од почетокот до денес, нивната целна група навистина се има сменето многу. Кошаркарите со текот на времето прејдоа на помодерни патики, а All Star патиките станаа таргет на тинејџерската популација и со тоа станувајќи и незаобиколен дел од поп културата. Кон крајот на седумдесеттите, овој модел стана еден од најбитните симболи на панк движењето, а нов бран на популарност доживуваат во деведесеттите со грунџ и хип хоп културата.

http://www.kajgana.com/statija_283.html

Дубаи Олга Куриленко за Maxim

Битка на микробите Mirror Edge 2D QWOP
Offroad Madness Small Arms Super Stacker

Види финта... Моќта на Посејдон Отидов да копирам
Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција У Квантички :)
© 2005-2008 Kajgana.com