Шоубизнис

» поопширно



Aсиси, срцето на сончевата Умбрија

Понеделник, 15.09.2008
Ивана Бидикова

 

Aсиси, срцето на сончевата Умбрија (централна Италија), симболот на религијата, е сместен во прекрасна природна позадина и неповторлив пејсаж, традиција која се надградувала со векови и автентичност која сеуште живее.

Оригинално, овој град е подигнат од Римјаните, за што сведочат и денес видливите артефакти. Подоцна, Асиси станал град-држава и се бори за својата независност, особено против соседните градови. По смртта на Сан Франческо во 1226, градот се разубавува со неверојатни цркви и познати ремек дела како тие на Џото.


(храмот на Минерва, изграден во првиот век п.н.е.)

Местото каде што Сан Франческо е роден и го основал својот ред, каде Санта Клара живеела и работела, живее во спомените. Овде спомениците во нивна чест претставуваат атрекција од архитектонски и уметнички аспект.

Базиликата Сан Франческо претставува визија која ги вчудоневидува оние кои ќе се доближат од стараната на плоштадот Сан Франческо, на чиј крај израснува фасадата на црквата, во едноставни линии и ниски колонади од страните. Тишината и мистичната атмосфера се во духот на Сан Франческо.

Базиликата е грандиозен и импресивен храм кој е изграден во чест на сиромашните во Асиси и го задржува вниманието на посетителите уште од далечина, комплекс кој се издигнува на енормно големи слепи арки во тераси на ридот. Базиликата се состои од две една на друга цркви и гробницата на Сан Франческо под нив. Во себе содржи едни од најголемите ремекдела на готската умерност, фрески од Пјетро Лоренцети и Џото.

Во гробницата на Сан Франческо, едноставен камен гроб на Светецот стои на средината на конструкцијата, а моштите на неговите најблиски соработници: Леоне, Руфино, Матео и Анџело се сместени во ниши околи него. Гробот на Сан Франческо е високо подигнат поради верувањето дека така ќе биде поблиску до небото. Денес, гробницата претставува место за медитација во присуство на гробот на Светецот. Џотовите фрески во горната цркава претставуваат едни од најважните цртежи во историјата на Италијанската уметност. Ѕидовите се целосно прекриенисо фрески на Џото кој во 28 сцени успева да раскаже епизоди од животот на Светецот.

На излезот од горната црква погледот запира кон прекрасно уредениот тревник на чиј крај драматично изникнуваат мали средносвековни куќарки од розов камен, со прекрасни цветни жардињети и дрвени прозорски капаци.

Во понатаношната прошетка низ камените улици ке застанеме на плоштадот Дел Комуне, кој претставува политички и административен центар на Асиси. Катедралата Сан Руфино претставува еден од најфините и дистинктивни примери на Романичката архитектура во Умбрија. Оригиналната цркава е изградена во 12-ти и довршена во 13-ти век со прекрасна романичка фасада. Цркавата е реконструирана во 16-ти век од страна на Галеацо Алеси, после земјотрес.

Прекрасно место за малку одмор е плоштадчето пред Цркавата Санта Клара, која исто така претставува романичка базилика реконтруирана со готска конструкција после земјотреот, така што недостасува еден бочен брод кој е конструктивно заменает со арка. Тука може да се ужива и во прекрасниот поглед на цела Умбрија од височина. А ова особено може да се доживее ако се качиме на нулата од средновековните ѕидини на Асиси. Градот живее како времето да има застанато и се е онакво како што било некогаш.

http://www.kajgana.com/statija_2854.html

Нокаут историја Лара Крофт, издание 2009

Meeblings Downhill Snowboard Ragdoll Volleyball
BucketBall Frustration Xmas Contrast Cannon

Машка љубов Спајдермен Брзи и глупи
Rail-job Статуа, ништо повеќе Час по гимнастика

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2009 Kajgana Media