Среда, 15.10.2008
Поп кралицата Мадона и нејзиниот сопруг режисерот Гај Ричи дефинитивно се разведуваат по седум ипол години брак. Ова го потврди и портпаролката на популарната пејачка, откако веста се рашири по таблоидите, и го пренесе барањето на наскоро поранешните сопружници за почитување на приватноста.
Британскиот The Sun тврди дека одлуката за разводот е донесена по бројни караници и дека парот комуницира со посредство на лични асистенти.
Мадона наводно ја контактирала адвокатката која го водела разводот на Пол Макартни бидејќи се плаши за своето богатсво, затоа што со Гај не потпишала предбрачен договор.
Гај и Мадона имаат три деца - 12 годишната Лордес од врската на Мадона со тренерот по фитнес, осумгодишниот Роко и посвоениот тригодишен Дејвид од Малдиви.