Microsoft одлучи да издаде Service Pack 2 за Windows Vista пред да го пушти во продажба Windows 7, a oва би требало да се случи многу наскоро.
Софтверскиот џин со брзиот развој на наследникот на Vista на некој начин и самиот призна дека тоа не им е баш најуспешниот оперативен систем, но од друга страна не сака да се откаже од него. Тимот задолжен за развој на вториот Service Pack за Vista се брза да ја доврши работата пред Windows 7 да биде подготвен за јавноста.
Наводно, веќе се довршени и првите бета верзии на SP2 кои се на тестирање кај блиските партнери на Microsoft. Причината за брзањето е обидот да се избегне издавањето на новиот производ пред него, со што работата би прошла незабележана во однос на новиот оперативен систем.
Што се однесува до развојот на Windows 7, ситуацијата е слична како и кај SP2 за Vista. Наводно, првите развојни верзии се на тестирање, а јавната бета би требало да се појави кон средината на декември. Терминот во кој Microsoft планира да го доврши развојот на Windows 7 е втората половина на 2009. Тогаш би требало да започне со испорачувањето на верзиите за партнерите и со умножување и подготовки за продажба.
Доколку го земеме во предвид и можното доцнење кое е многу веројатно, ќе дојдеме до временски период од три години помеѓу Vista и нејзиниот наследник. XP ја чекаше Vista шест години.